ВМРО ДПМНЕ РЕТЕРИРА за излез предвреме од собраниските клупи
И денеска опозицијата е во Собрание.
ВМРО ДПМНЕ по вчерашните најави на лидерот на партијата Христијан Мицкоски дека не гледа причина зошто би останале во Собранието, ретерираше.
На ИК на кој се заседаваше синоќа, сепак не паднала одлука за напуштање на Парламентот.
Во соопштението до јавноста само се посочува дека на состанокот заклучиле дека власта со последните случувања ја оддалечува земјата од европската иднина втурнувајжи ја во поголема криза. Сепак, како што се наведува, ќе ја следат будно целата ситуација и 12 април е денот кога изборите мора да се одржат.
Инаку, во текот на денот е можна и одлука кога ќе се распушти Парламентот. Првично тоа требаше да се случи вчера, но собранискиот спикер најави дека последен датум е 16 февруари, недела.
