Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ реагира за некрологот со Груевски и бара санкции

ВМРО-ДПМНЕ реагира за некрологот со Груевски и бара санкции

Морбидната објава на социјалните мрежи со фотографија на која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е прикажан како починат човек е говор на омраза и срамно и ниско ниво на комуникација, реагираат од ВМРО ДППМНЕ.

„СДСМ во моменти на длабок очај, соочувајќи се со поразот кој им го нанесоа граѓаните, посакуваат нечија смрт само за да си ги задоволат сопствените потреби на гнев и омраза“- велат од партијата.

Од ВМРО- ДПМНЕ го осудија ваквото некролошко однесување. Сметаат дека тоа е дело на членови на СДСМ, и побараа институциите да реагираат во најкус можен рок.

Бараат осуди и санкции за сторителите. 

Слично

Поврзани вести