Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ реагира што Владата го испрати само Зоран Димитровски - Жоро на гробот на Гоце Делчев

ВМРО-ДПМНЕ реагира што Владата го испрати само Зоран Димитровски - Жоро на гробот на Гоце Делчев

ВМРО-ДПМНЕ реагира со критика кон Владата откако од таму како единствен официјален претставник на гробот на Гоце Делчев на одбележувањето на 149-годишнината од раѓањето на револуционерот беше испратен Зоран Димитровски - Жоро, заменик-министерот за локална самоуправа.

„Владата на Заев продолжува да ги омаловажува историјата на Македонија и историските датуми значајни за македонскиот народ. Денес на одбележувањето на 149 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев во име на владата на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас цвеќе положи заменик министер за локална самоуправа.

Тоа покажува каков понижувачки однос има владата на Заев кон ликот и делото на Гоце Делчев. Во време кога се негира македонската историја и значењето на Делчев за македонската држава и македонската историја, владата наместо да испрати највисока делегација, овој ден го одбележува со испраќање на заменик министер за локална самоуправа“, се вели меѓудругото во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести