Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ реагира: СДСМ ја задолжи државата за над 56 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ реагира: СДСМ ја задолжи државата за над 56 милиони евра

Ново задолжување на државата од страна на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ со реакции за состојбата. 

СДСМ денес  ја задолжи државата за над 56 милиони евра. Ова е второ задолжување во рок помал од 10 дена, откако власта се задолжи за над 33 милиони евра минатиот вторник. Со денешното задолжување, вкупната сума на долгот за кој СДСМ ја задолжи државата од јануари до денес се искачи на над 700 милиони евра. Додека вкупната сума за која власта ги задолжи граѓаните од нејзиното доаѓање до денес изнесува над 1.5 милијарди евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-1.5 милијарди задолжување, а слабо ниво на реализација на капитални инвестиции. Оваа неспособна  власта покажа дека не знае менаџира со државните ресурси. Оваа неспособна власт во месец јануари оваа година реализираше само 1% од годишно предвидените капитални инвестиции. Владата во јануари оваа година реализираше 6 пати помалку капитални инвестиции во однос на јануари 2017 година. Задолжувањето како инструмент за финансирање на Буџетот е дозволиво само доколку, средствата од истото се користат за капитални инвестиции. Капитални инвестиции нема, пишува во соопштението.

„Власта не само што не реализира нови капитални инвестиции, туку и постојните кои беа во фаза на реализација ги запре и беа во застој од неколку месеца како случајот со автопатите Миладиновци  –  Штип и Кичево  – Охрид. Власта намерно не го пушти во употреба автопатот Демир Капија – Смоквица, кој беше 95% завршен и остануваше да се направат некои незначителни зафати. СДСМ со одлука на влада го продолжи рокот за пуштање во употреба на автопатот до 28 февруари и дури и тој рок не го испочитува“.

За ВМРО-ДПМНЕ, ова се непотребни задолжувања кои се загрижувачки.



Слично

Поврзани вести