ВМРО-ДПМНЕ разреши едно лице, а донесе и одлуки за техничката Влада
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев по одржување на седница на извршниот и централниот комитет изјави дека му дале согласност на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да ги избере идните министри во новата техничка Влада.
Му даваат поддршка да биде кандидат за мандатар, и очекувааат дека на 12 април ќе извојуваат победа.
Усвоен е годишниот извештај за работа.
„Разрешен е Томислав Димитровски, кој е познат по немил настан кој се случи во изминатиот период“, рече Јанушев.
Вели дека партијата не прифаќа пазарџиска политика каква што вели предлага предлага премиерот Зоран Заев.
Јанушев не сакаше да ги открива имињата на луѓето кои ќе бидат министри во техничката Влада.
Слично
