Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ разреши делегати, притворените пратеници сепак остануваат дел од највисокото партиско тело

ВМРО ДПМНЕ разреши делегати, притворените пратеници сепак остануваат дел од највисокото партиско тело

Опозициската ВМРО ДПМНЕ отстранила 16 делегати конгресот.

Во однос на ова прашање, од партијата на Никола Груевски кој поднесе оставка а конгресот ја прифати, потенцираат дека едно лице е исклучено заради тоа што е починато.

Останатите заради тоа што се вработени или функционери во МНР, МВР или регулаторни тела каде со закон е забрането да членуваат во партиски тела. 

„Конгресот заедно со делегатите е највисокото партиско тело на партијата. За сите овие  разрешувања е разговарано со секој поединечно и е добиена согласност од него, за најголем дел и писмена оставка“, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Имено, на списокот делегати на Конгресот остануваат притворените пратеници Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски и Сашо Василевски меѓу кои е и екс директорот на БЈБ Митко Чавков.

Но, засега неизвесно е дали тие ќе успеат да гласаат за новиот партиски лидер викендов, со оглед на фактот дека се наоѓаат во 30-дневен притвор.

Слично

Поврзани вести