Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски е пуштен од притвор, откако се раширија гласините дека ќе пропее за Заеви

ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски е пуштен од притвор, откако се раширија гласините дека ќе пропее за Заеви

Драги Рашковски е пуштен од притвор, откако се раширија гласините дека ќе пропее за Зоран и Вице Заев, за сите бизниси и се што знае за работењето на браќата Заеви, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако се раширија гласините Заев панично по медиуми почна да кружи со приказната дека Рашковски работел законски, и дека не верува дека сторил криминал. Заев со таквите изјави од позиции на прв во владата изврши притисок врз судството и обвинителството и му даде сигнал што да прави. Заев се дрзна да влијае на постапка затоа што знае дека Рашковски е негов директно потчинет во владата. Се што знае Заев во голема мерка знае и Рашковски, стои во соопштението.

Велат дека судството и ЈО не смее да подлегнува под притисокот на Заев. Рашковски не смеел да има можност за влијание врз постапката.


Слично

Поврзани вести