Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ против пет заменици на Џафери и избор на нов јавен обвинител

ВМРО-ДПМНЕ против пет заменици на Џафери и избор на нов јавен обвинител

Опозициските пратеници не даваат поддршка за избор на пет заменици на Талат Џафери во Собранието на Република Македонија, но нивната иницијатива за тргање на точката од дневен ред не доби поддршка од мнозинството бидејќи се остава да одлучи самиот спикер. ВМРО-ДПМНе исто така се противи и за изборот на нов јавен обвинител.

- Нема да го поддржиме изборот на нов јавен обвинител бидејќи е спротивно на Членот 8а од Изборниот законик и на денешната седница ќе се спротивставиме на ваквата иницијатива на СДСМ, рече пратеникот Илија Димовски.

Според пратеникот Илија Димовски, никогаш немало таков случај и тоа би значело оптоварување на буџетот зашто ќе морале да се ангажираат повеќе шофери, секретарки, асистенти и службени автомобили.

Од опозицијата истакнаа оти ќе ја поддржат одлуката ако Џафери бара тројца потпретседатели.

Мнозинството пак, реши да ги прифати предлог законите на ВМРО-ДПМНЕ за донесување по скратена постапка. Во овој пакет се вклучени Закон за зголемување на минимална плата за административците од 5 отсто, Закон за извршители и Закон со кој на студентите ќе им бидат доделувани ваучери за компјутери.

Пратеникот и координатор Илија Димовски посочидека доколку СДСМ имаат фер пристап до овие предлози на ВМРО-ДПМНЕ тие исто така ќе бидат фер и конструктивни кон нивните предлог закони меѓу кои и Законот за зголемување на минималната плата кој требаше да се изгласа пред 1 септември, но задоцни и најрано може да се примени од почетокот на следниот месец со што голем број на работници треба да добијат гарантирани 12.000 денари.

Слично

Поврзани вести