Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ПРОТИВ ЕКСТРА ДАНОЧЕЊЕТО НА КОМПАНИИТЕ: Мицкоски најави блокада на законските измени

ВМРО-ДПМНЕ ПРОТИВ ЕКСТРА ДАНОЧЕЊЕТО НА КОМПАНИИТЕ: Мицкоски најави блокада на законските измени

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ на денешниот брифинг рече дека неговата партија ќе ги блокира законските измени за екстра даночење на големите компании во кризата. Власта најави кризен данок на добивка од 30 отсто за компаниите кои имаат приходи поголеми од 10 милиони евра и профит поголем за 20 отсто во однос на претходните години.

- Планираме да ја блокираме оваа мерка бидејќи тоа не е борба со сивата економија. Тоа се компании кои се плаќачи на данок, а на некои од нив профитот им се зголемил затоа што претходно вложиле во производството и зголемување на вработени, рече Мицкоски во партиското седиште.

Претседателот на опозициската партија најави блокада и на некои други законски решенија, но додаде дека понатамошните постапки ќе бидат дефинирани по детални консултации.


Слично

Поврзани вести