ВМРО ДПМНЕ пропушта шанса да му постави прашања на премиерот
Поради бојкотот кој се уште трае во опозициската партија, пратениците од ВМРО ДПМНЕ најверојатно денеска нема да присуствуваат на седницата посветена на пратенички прашања.
Имено секој последен четврток од месецот е резервиран за пратенички прашања но поради отсуството на премиерот Заев на 25 јануари, седницата е закажана за денеска.
На седницата може да се присутни и сите министри а според праксата досега први прашања поставуваат пратениците од опозицијата, па потоа оние од владеачкото мнозинство.
Слично
