ВМРО-ДПМНЕ продолжува со „политичкиот саем“, СДСМ со серија прес-конференции
Додека ВМРО-ДПМНЕ денеска одржува втор ден од „политичкиот саем“, СДСМ ќе има нова серија на прес-конференции, како неофицијален старт на кампањата на двете политички партии.
ВМРО-ДПМНЕ вчера го почна таканаречениот политички саем, на кој отчет даваа градоначалници од оваа партија.
Во исто време, во партиското седиште, кандидати за градоначалници на СДСМ со критики зборуваа за состојбата во општините предводени од владејачката партија, со став дека тие би биле подобриот избор отколку кандидатот од спротивната страна.
Официјалниот старт на кампањата пак, ќе биде на 29 септември, но кандидатите за градоначалници веќе одат низ населените места, барајќи го секој глас од граѓаните.
Слично
