ВМРО-ДПМНЕ: Признанието на Богоевски е како крадец да се брани дека не украл пари
Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека пратеникот Павле Богоевски нема веќе никаков кредибилитет да биде пратеник и да ги лаже граѓаните со некакви пријави.
Според нив, постојат отворени сомневања дека Богоевски конзумира наркотици и дека е можно неговите изјави, настапи и одлуки да биле под дејство на опијати.
„Павле Богоевски треба да излезе и да каже дали е зависник од дрога или не е. Единствен начин да го докаже спротивното е своеволно да направи тест за дроги и да ја увери јавноста дека е вистина тоа што го збори. Доколку Богоевски одбие или не го направи тестот за дроги, истото ќе биде јасен показател дека е зависник од дрога. Неговиот одговор дека барал масло од канабис дури и да се земе дека е вистинит, повторно значи дека Павле Богоевски сторил кривично дело. И да се работи за тешка дрога и да се работи за канабис, конзумацијата и трговијата со истото е кривично дело и по однос на случајот Јавното обвинителство треба да поднесе кривична пријава за Богоевски. Признанието на Богоевски е како крадец да се брани дека не украл пари во продавница, туку дека украл некој автомобил. И едното и другото се кривично дело и ниту едното, ниту другото го амнестира од вина. Очекуваме Зоран Заев по директното признание од страна на Павле Богоевски дека извршил кривично дело да побара негова оставка. Но, и од Богоевски да покаже морална и политичка доблест и да даде директна оставка од функцијата пратеник“ – бара ВМРО- ДПМНЕ.
Пратеникот Павле Богоевски вели дека неговиот разговор објавен вчера на руската социјална мрежа „Вконтакте“ е нелегално снимен од таксист пред неколку месеци и е изваден од контекст.Попладнево пратеникот Павле Богоевски заминал во полициcката станица Центар, каде што самиот се пријавил за нeдoзволена тpговиja и швepц , но го пријавил таксистот, кого не го памети, за нeлeгaлно снимање и објавување на приватен разговор.
