Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ предложи три жени во техничката Влада, Рашела Мизрахи го превзема МТСП

ВМРО-ДПМНЕ предложи три жени во техничката Влада, Рашела Мизрахи го превзема МТСП

ВМРО-ДПМНЕ за нов технички министер за труд и социјална политика ја предложи Рашела Мизрахи, инаку доктор на науки по биохемија на Универзитетот Бар Илан во Израел. Таа наедно била и Асистент на катедрата за Физиологија при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје. 

Предлог за заменик министер за финансии ќе биде Гордана Димитриеска Кочоска, која е магистер по економски науки на Универзитетот Св Кирил и Методиј, а моментално работи во приватна компанија како финансиски консултант во областа на контролинг и финансии. Работела заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога тој бил генерален директор на АД ЕСМ.

За нов заменик министер за земјоделие ќе биде предложен Цветан Трипуновски, поранешен пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој веќе е познат во јавноста со своите критики за земјоделските политики на актуелната власт. Тој е поранешен советник во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а претходно од 2015та до 2017та година бил директор на Државниот земјоделски инспекторат. 

Номиниран кандидат за заменик министер за информатичко општество и администрација е Невенка Стаменковска Стојковски, актуелна пратеничка во Собранието.



Слично

Поврзани вести