ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на Заев за заштита на криминалот
Со истата потрошена рамка, СДСМ оди во изборен пораз, народот веќе ги прочита, се вели во реакцијата на ВМРО, предводена од лидерот Христијан Мицкоски.
Оваа реакција доаѓа откако премиерот Зоран Заев синоќа објави 30 кандидати за градоначалници на СДСМ за претстојните локални избори.
„Стари кадри за заштита на криминалот. Вечерва Заев го номинираше Шилегов за кандидат за градоначалник на Скопје. Шилегов, кој вети дека ќе гради тунел под Калето, продолжение на булеварот Илинден со мост преку Вардар до Ѓорче Петров. Шилегов, кој не вети, но отпушти 84 наставници, купи столчиња од тропско дрво во вредност од 500 евра и плати 900.000 евра повеќе за противпожарно возило отколку што градот Загреб плати за истото возило“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
