ВМРО-ДПМНЕ прашува како Анѓушев заработил 28 милиони под режим
ВМРО-ДПМНЕ упати прашање до новиот вицепремиер Кочо Анѓушев кој со неговите бизниси заработил 28 милиони евра, а податоци за неговиот имот ги достави во анкетен лист до Агенцијата за спречување на корупција.
- Како под услови на наводен режим вицепремиерот на владата на СДСМ се стекна со капитал од 28 милиони евра лично богатство?
Како под наводна диктатура се заработуваат 5 стана во Скопје, деловни простории и куќа во Скопје, стан во Белград, куќа на Халкидики?
Очигледно допрва ќе излегуваат на мегдан лагите на милионерите на СДСМ, се вели во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
Слично
