ВМРО ДПМНЕ повика на протест, ќе се блокираат и улици
Опозициската партија очигледно не се согласува со одлуките на судот за одредените притвори.
Преку соопштение ВМРО ДПМНЕ ги повика поддржувачите на протести вечерва во 18 часот пред Министерството за правда, а претходно од 15 - 17 часот часот од партијата на Груевски најавија дека ќе блокираат четирите крстосници: Крстосницата кај Мавровка; - Крстосницата кај Порта Влае; - Крстосницата помеѓу Бул. Јане Сандански и Бул. Србија во населбата Ново Лисиче; - Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.
ВМРО ДПМНЕ соопшти дека Македонија е единствената земја каде оперски пејач, режисер, актер, архитект, доктор, и други десетици патриоти треба да одговараат за измислено дело тероризам.
Целта, како што велат на оваа хајка е обид да се замолкне опозицијата и да се скрши отпорот против сите антидржавни политики, кои власта ги реализираше во изминатиов период.
