Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ повика граѓаните на 18 јуни да излезат на улица затоа што Македонија доживува пораз на секое поле

ВМРО-ДПМНЕ повика граѓаните на 18 јуни да излезат на улица затоа што Македонија доживува пораз на секое поле

На 18 јуни, ВМРО-ДПМНЕ ќе организира голем анти - владин протест. 

Извршниот комитет на партијата донесе одлука за одржување голем граѓански протест што ќе се одржи на 18 идниот месец. 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, информираше дека во наредниот период не се исклучени и други дополнителни чекори, како и дека ќе продолжи активната блокада на Собранието.

Од СДСМ реагираа за најавата за протест. 

„Пропаднаа обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на Собранието, „активната блокада“ издиша, па од досега невидените чекори што ги најавуваше Христијан Мицкоски му остана само да организира протест за еден месец од сега“, велат од СДСМ.

Но, според ВМРО-ДПМНЕ, нема поле на кое Македонија не доживува пораз и затоа е важно граѓаните да излезат на улица. 

Слично

Поврзани вести