Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ порача дека автопатот е нивни проект, но не го спомена името „Гоце Делчев“

ВМРО-ДПМНЕ порача дека автопатот е нивни проект, но не го спомена името „Гоце Делчев“

ВМРО-ДПМНЕ се огласи во јавноста со соопштение дека автопатот Миладиновци - Штип е нивни проект од времето кога тие биле владеачка партија и му порача на премиерот Зоран Заев дека се фали со ни9вни дела. Ваквата реакција следи откако вчера Заев заедно со вицепремиерите Кочо Анѓушев и Оливер Спасовски, како и со министерот Горан Сугарески присуствуваше и одржа говор на свеченото отворање, иако по еден месец од неговото пуштање во употреба.

„Заев ја запираше и изградбата на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Неосновано се пролонгираше рокот на нивно завршување и пуштање во употреба. Но сите овие проекти со кои Зоран Заев и неговите министри се фалат се на ВМРО-ДПМНЕ. Овој факт не може да се оспори и граѓаните добро знаат кој ги изгради овие автопатишта, залудни се трубачите на Заев. Граѓаните имаат добра меморија и знаат кој што има изградено“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку вчера имаше и реакции преку медиуми дека официјалното име на автопатот е „Гоце Делчев“ и е донесено со одлука од претходната власт, а премиерот Заев на тоа наведе дека ако се завршени сите процедури со именувањето тогаш тоа така и ќе остане. Дополнително, имаше поплаки дека името „Гоце Делчев“ никаде не било означено на табла.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека во моментов капиталните инвестиции се на најниско ниво во историјата на Република Македонија.


Слично

Поврзани вести