ВМРО ДПМНЕ: Политичкото насилство на СДСМ резултира со физичко насилство
„Реализирањето на Тиранската платформа не носи добро никому. Газењето на Уставот, законите и деловникот е директно газење на државата и поредокот. Ограничувањето на демократското право на дискусија на пратениците е најбрутално ограничување и газење на граѓаните кои ги гласале. Политичкото насилство кое го спроведе СДС може да резултира само со физичко насилство. Незаконскиот обид, криминогените структури од СДС да си го самопрогласат Талат Џафери за парапретседател на Собранието беше директна провокација кон Македонскиот народ“, стои во денешното соопштение на ВМРО ДПМНЕ.
Од партијата на Никола Груевски велат дека сценариот на нивниот опонент да формира параинституции е на директна штета и на Република Македонија и на граѓаните на државата и единствено им користи само на оние сили во земјава и надвор од неа кои не и мислат добро на Македонија и кои го негираат Македонскиот идентитет и суверенитет.
Благодарение на интервенцијата на полицијата, не дојде до поголема ескалација и посериозни последици, посочуваат од ВМРО ДПМНЕ и додаваат дека нивните опоненти мора да сфатат дека народот се противи на нивните планови за тргување со највисоките државни и национални интереси.
