Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка и кривична одговорност за нарачателите на тепањето на Јанакиески и Ристовски

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка и кривична одговорност за нарачателите на тепањето на Јанакиески и Ристовски

Oд ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека членови на Кумановската група непречени од никого сега се закануваат, вршат тортура  и линчуваат политички неистомисленици на Зоран Заев. 

Од партијата велат дека замижувањето пред јавните закани отвора директен сомнеж за нарачателите на обидот за линч на поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.

Бараат политичка и кривична одговорност за нарачателите и за тие кои не сторија ништо за да се спречи тепањето на Ристовски и Јанакиески. 

„Одговорните за овој скандалозен акт мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Случајот не смее да се заташка со бледи обиди за избегнување на одговорност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Според нив, СДСМ апсолутно никако не може да избега од фактот дека беше дозволено да бидат претепани поранешни министри и политички неистомисленици на Зоран Заев. 

Слично

Поврзани вести