ВМРО-ДПМНЕ: Полицискиот час не е решение
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека воведувањето на полициски час на територијата на целата земја од 22.00 до 05.00 часот не решение за излегување од кризата, туку масовната набавка на вакцини против Ковид-19.
„Заев и Филипче имаат систематски грешки. Полицискиот час не е решение, народот чека вакцина.
Власта ја промаши стратегијата во борбата против КОВИД 19 уште од сам почеток. Мерките беа задоцнети и не ефикасни. Кога ВМРО-ДПМНЕ предлагаше масовно тестирање и ограничување на пандемијата Заев и Филипче бркаа тендери. Кога цел свет набавува вакцини, Заев и Филипче пак бркаат тендери, а вакцини нема.
Да беше ажурна власта, сега ќе бевме во напредна фаза на вакцинација, и немаше да има потреба од рестрикции“, се вели во реакцијата на опозициската партија.
Од таму сметаат дека најавените ограничувања на движењето од 22 часот до 05 часот со полициски час нема да даде ефект.
„Во исто време имаме полициски час и попис. Преку ден луѓе ќе се групираат и ќе шират зараза.
Заев нема план ниту за пописот, ниту за борбата против КОВИД 19. Се е купи ден продај политика. Со секој поминат ден со Заев на власт, Македонија тоне“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
