ВМРО-ДПМНЕ: Покачувањето на цената на нафтените деривати претставува грабеж
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека покачувањето на цената на нафтените деривати претставува грабеж на владата на Зоран Заев на обичните граѓани кои ќе го понесат товарот на неодговорното и раскалашено владеење.
„СДС и Зоран Заев мора да се откажат од намерите да ја покачат акцизата и на тој начин
повторно да стават рака во џебот на граѓаните. Не смее граѓаните да плаќаат и да
осиромашуваат за да ги задоволува владата на СДС и нивните апетити како и апетитите на
десетици платеници од таканаречената шарена револуција.
Целокупниот пад во економијата и нивната неспособност сега ќе ја покриваат со нови и
повисоки давачки за граѓаните и за стопставото, покачување на акцизи, покачување на
даноци со цел да ги покријат своите буџетски дупки“ - наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека СДС е само 6 месеци на власт, а не реализираа ниту еден проект за општо добро, единствено што направија е зголемување на трошоците на живот.
