Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ поднесува интерпелација за Талат Џафери, Левица ќе ја поддржи

ВМРО-ДПМНЕ поднесува интерпелација за Талат Џафери, Левица ќе ја поддржи

Пратеничката група на ВМРо-ДПМНЕ денеска поднесе интерпелација против претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој вчера нареди да се заклучи пленарната сала заради пребројување.

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРо-ДПМНе, пред медиумите го повика и СДСМ заедно да изгласаат разрешување на спикерот.

- Правото на движење и мисла на пратениците не може и не смее да да се ограничи. Салата се заклучува единствено, според член 97, кога се гласа за поименично изјаснување. Вратите се затвораат и не се дозволува излегување се додека трае поединечното изјаснување на барање на некој пратеник, рече Мицевски.

Претходно од Левица исто така соопштија дека Џафери направил кривично дело и дека ќе поддржат интерпелација.

„Со заклучувањето на пратениците во пленарната сала на Собранието, Талат не само што стори кривично дело, туку и целосно го изгуби кредибилитетот да го води парламентот! Од вкупно 120 пратеници, треба пет - за да почне постапката за интерпелација. Двајцата пратеници на Левица стојат на располагање. Се бараат уште тројца јунаци и да почне процесот“, гласи коментарот на партијата на Димитар Апасиев.

Опозицијата вчера во нов инцидент во Собранието се пожали дека Џафери ги заклучил вратите на пленарната сала за да не можат да влезат други пратеници и да се пријават за дискусија за точката на дневен ред.

Слично

Поврзани вести