Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужби за начинот на кој се изврши верификација на мандатите на дополнителните осум пратеници

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужби за начинот на кој се изврши верификација на мандатите на дополнителните осум пратеници

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денеска информираше дека партијата поднела тужби во Управниот суд заради начинот на кој што се изврши изборот, односно верификација на мандатите на дополнителните осум пратеници во Парламентот. 

-И покрај нашите реакции како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија каде што укажавме дека е тотално погрешен, нелигитимен и пред се нелегален начинот на тоа на кој што владејачкото мнозинство го направи. Преку предлог на Комисијата за верификациони работи која што впрочем е создадена, е формирана и функционира само за првата конститутивна седница. Иако во Деловникот за работа на Собранието по членот 17 јасно и прецизно, недвосмислено е пропишано дека единствено може по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања да се одвива начинот на кој што се избираат односно се верификуваат дополнително оние луѓе кои што станале пратеници. Сепак владејачкото мнозинство како и многупати во минатото со една дивоградба впрочем и она што го направија во првите денови по формирањето на Владата е еден типичен пример за ова владејачко мнозинство и оваа Влада. Значи буквално она што ќе се почне со дивоградба понатаму продолжува да функционира на еден ист и таков начин. Што впрочем и на почетокот на седницата за избор на Влада го укажавме дека тие осум луѓе не се верификувани и не станале пратеници на начинот на кој што е пропишано со Деловникот. И впрочем дава еден огромен нелигитимитет и нелегалност на изборот на целата Влада. Очекувам од Управниот суд што е можно побрзо да ги разгледа тужбите кои што денеска ги доставивме и да одлучи врз основа на словото на Законот, истакна денеска Јанушев.

Во однос на прашањето за потпретседателите, како што истакна тој, ВМРО-ДПМНЕ односно пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да предложи потпретседател на Собранието.

-И кога се гласаше одлуката за пет потпретседатели се спротивставивме на таа одлука и воопшто не ја поддржавме од единствена причина што сметаме дека во оваа ситуација во која што се наоѓа државата неминовно е рационализирање на средствата и нивно користење за многу поважни и побитни цели за сите граѓани. Дополнително инсистираме и бараме да се вразуми владејачкото мнозинство и бројот на потпретседатели да биде на потребниот минимум, а сите средства кои што би биле планирани за потпретседателите значи да се пренаменат во покорисни цели. Во однос на вашето второ прашање се уште немаме никакви информација, официјална дали воопшто оние одлуки за прогласување на вонредната состојба се доставени до Собранието на Република Македонија, но исто така апелираме не само одлуките за вонредната состојба туку и сите уредби кои што оваа Влада ги донесе со законска сила во целиот односно предизборен период што е можно побрзо да се најдат на дневен ред за разгледување од страна на пратениците во Собранието на Република Македонија, одговори Јанушев



Слично

Поврзани вести