Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ подготви стратегија: Ќе удри со референдумот и Охридскиот рамковен договор

ВМРО-ДПМНЕ подготви стратегија: Ќе удри со референдумот и Охридскиот рамковен договор

И покрај силното противење, ВМРО-ДПМНЕ ќе земе учество на комисиската седница во Собранието за нацрт-амандманите за уставни измени што започнува денеска.

Тоа го потврди новиот координатор на најголемата опозициска партија Никола Мицевски кој вели дека на тој начин преку дебата „ќе ги разобличуваат штетните политика на власта“. Според Мицевски, стратегијата на настапот најмногу ќе се темели на референдумот и недоволната излезност на истиот.

„За жал, владата на Зоран Заев продолжи да го силува процесот. Имаме еден куп забелешки и на текстот на нацрт-амандманите. Најголемо вознемирување предизвикува амандманот што се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија и тоа секаде во Уставот, што ќе рече дека само со еден нацрт-предлог се брише сè што е македонско“, вели Мицевски за „Независен весник“.

Втор аргумент за опозицијата ќе биде Охридскиот рамковен договор и неговото вметнување во Преамбулата на Уставот. За ова, ВМРО-ДПМНЕ има мислење дека Владата делува несериозно затоа што го додала во содржината без никакви најави.

„Ќе има жестоко разобличување на сите уставни амандмани и за сето она што ѝ се случува на Македонија, а за кое ние како пратеници и како партија реагиравме во изминатиот период“, потенцира Мицевски.



Слично

Поврзани вести