Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ побара промена на Богоевски како претседател на комисијата

ВМРО-ДПМНЕ побара промена на Богоевски како претседател на комисијата

Дневниот ред со единствена точка за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски е усвоен на седница во собраниската комисија за мандатно-имунитетски прашања со пет гласа „за“. Комисијата не ја водеше пратеникот Павле Богоевски, кој е во оставка како народен избраник но се уште формално е нејзин претседател. ВМРО-ДПМНЕ предложи и точка во дневниот ред за оставка на Богоевски како нејзин претседател бидејќи го прекршил етичкиот кодекс, но не беше прифатлива за владеачкото мнозинство и заменик-претседателката Снежана Калеска Ванчева која ја водеше седницата

- Павле Богоевски го има потпишано својот етички кодекс. Ние очекувавме виде да бидете претседател на оваа комисија, а не Павле Богоевски. Формален предлог за одземање на претседателската функција во комисијата на Богоевски имаше, но очигледно вие сакате да одбегнете такво гласање, рече Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. 

Од мнозинството рекоа дека дискусијата за Богоевски е беспредметна бидејќи тој веќе дал оставка како пратеник.

Мандатот на Груевски како пратеник може да биде одземен бидејќи повеќе од шест месеци е неоправдано отсутен.

Невенка Стаменковска, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека на Груевски поради репресии не му било дозволено да работи како пратеник и во моментов од оправдани причини го стекнал правото на азил.

Слично

Поврзани вести