Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ побара одложување на изборите, откако СДСМ го предложи Сашко Николов

ВМРО-ДПМНЕ побара одложување на изборите, откако СДСМ го предложи Сашко Николов

ВМРО-ДПМНЕ синоќа по состанокот побара предвремените локални избори во Штип и Пласница, предвидени за 13 декември, да бидат одложени поради непостоење на нормални услови за нивно одржување, односно голем број новозаразени од ковид-19.

Најголемата опозициска партија по седницата на Извршниот комитет побара во наредните три дена власта да ги одложи изборите поради корона-кризата.

Дафина Стојаноска не прецизираше дали ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на избори доколку истите не се одложат.

„Нашата земја е на самиот врв во регионот по бројот на заразени и по бројот на починати споредено со бројката на направени тестови. Сето ова укажува на тоа дека нема услови за одржување на локални избори во Штип и Пласница“, рече Стојановска по завршувањето на седницата.

Како што вели таа, нема услови ниту за предизборна кампања, а доколку има избори, одговорен за можната ескалација на падемијата би бил СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ никогаш порано и никогаш во иднина нема да води некрофилска политика. Мора да се однесуваме одговорно и граѓаните тоа го бараат од нас. Избори да, но не и по цена на животите на луѓето“, рече  таа.

Извршниот одбор на СДСМ во вторникот го утврди пратеникот и кардиолог Сашко Николов како кандидат за градоначалник на Штип, за предвремените локални избори, кои треба да се одржат на 13 декември во оваа опптина.

Николов е актуелен пратеник од СДСМ кој истовремено продолжи да работи како интервенет кардиолог во Штипската клиничка болница.

Во Штип ќе има вонредни локални избори откако Благој Бочварски беше избран за министер за транспорт и врски. Исто така ќе има избори и во Пласница, каде што градоначалникот Исмаил Јахоски стана пратеник.

Сепак новите градоначалници ќе имаат скратен мандат од помалку од една година бидејќи во 2021 ќе се одржат редовните локални избори.



Слично

Поврзани вести