ВМРО-ДПМНЕ: Петровска повторно избра да игра на картата на жртва
Наведуваат дека јавноста одамна се умори од постојаните обиди на Славјанка Петровска да се претставува како жртва секогаш кога ќе биде повикана на одговорност.
„Наместо да даде конкретни аргументи и да се соочи со реалноста, таа секој пат користи истата стара тактика – глуми нападната и го пренасочува фокусот од суштинските прашања“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Велат дека последниот случај е уште еден доказ за ова.
„Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, зборуваше за реалните трошоци на едно четиричлено семејство, нешто што сите граѓани го чувствуваат на своја кожа. Но, наместо аргументирана дебата, Петровска повторно избра да игра на картата на жртва, надевајќи се дека така ќе ги избегне суштинските теми“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, граѓаните заслужуваат одговори, а не лажна емпатија и театралност.Власта и опозицијата не се сложуваат околу потрошувачката кошничка и висината на трошоците за живот.
