Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Паричникот на Мицкоски купен за 200 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Паричникот на Мицкоски купен за 200 денари

Од ВМРО-ДПМНЕ за Вечер.мк велат дека паричникот кој Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, сакаше да му го подари на крајот од петочната ТВ-дебата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, е набавен од Битпазар за 200 денари.

Од таму ги демантираат претпоставките дека се работи за оригинален „Луј Витон“ модел кој е купен за 440 долари од Будимпешта и порачуваат повеќе среќа за СДСМ и Зоран Заев следниот пат и воедно ја испратија фотографијата направена за време на купувањето. 

„Паричникот е купен од Битпазар за цели 200 денари и порачуваат дека доколку му е криво на Заев што не го прими подарокот, во разумен рок се нудат да набават нов, секако празен, бидејќи парите од Луј Витон торбата се кај Заев на сигурно.“ посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести