Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ пак го критикуваат договорот со името

ВМРО ДПМНЕ пак го критикуваат договорот со името

Опозициската ВМРО ДПМНЕ повторно со критики околу референдумот и договорот со Грција.

Во денешното соопштение од партијата на Мицкоски велат дека ако договорот со Грција бил добар, на референдум ќе беше ставен без дополнителни прашања.

„Доколку договорот беше историски успех за Македонија, Зоран Заев немаше да има дилеми да ги додава во референдумското прашање и ЕУ и НАТО, злоупотребувајќи ја довербата на граѓаните кон нашите меѓународни партнери.

Договорот е штетен! Со него се брише името Република Македонија, македонската историја, традиција и култура. Затоа Заев измислува трикови како да го измами народот за ги оправда антидржавните политики со кои ја покрива неспособноста и расипништвото.“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Тие порачуваат дека граѓаните ги поддржувале европските и западни вредности, но без да прифатат штетните и погрешни политики.

Слично

Поврзани вести