ВМРО-ДПМНЕ: Падна Заев, ќе замине и криминогената власт
Вчера падна Зоран Заев, а на 12 април заминува и целото криминогено раководство на СДСМ. Ова е почеток на крајот на политичката кариера на Зоран Заев кој на сопствениот народ и сопствената држава им донесе само порази и срам во изминатите три години. Завршува тажната политичка кариера која аболицираниот Заев по секоја цена се обидуваше да ја продолжи, на сметка на државните и националните интереси, на сметка на својот народ, стои во соопштението од ВМРО -ДПМНЕ.
Од опозициската партија која сега партиципира во Владата велат дека Заев привремено го замени негов слуга како што гопнарекуваат, најнеуспешниот министер за внатрешни работи во независна Македонија, Оливер Спасовски.
„Човек пред чии очи се случија десетици убиства, престрелки и запалени автомобили, а тој наместо да го гони криминалот се стави во одбрана на истиот. Криминално рекетарската банда на чие чело е аболицираниот Заев набрзо ќе замине на темната страна на македонската историја. 12 април е денот кога секој еден граѓани кој се почувствува заборавен од оваа власт, ќе излезе на гласачкото место и ќе го потсети Зоран Заев на сите неисполнети ветување и нереализирани очекувања, стои во соопштението.
Додаваат и дека доаѓало време на чесни политичари.
