Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Оваа влада ги претвори судовите во егзекутори на политичко самоволие

ВМРО-ДПМНЕ: Оваа влада ги претвори судовите во егзекутори на политичко самоволие

ВМРО-ДПМНЕ трет месец по ред се обидува да ја одржи темата за притворот на осомничените учесници во настаните околу Крвавиот четврток во Собранието изминатата година тврдејќи деја тие се патроти, а не териристи,

„За демонстрацијата на сила и самоволие да бидат уште повпечатливи, обвинетите се држат во притвор без да им се земе изјава или да им се почитува правото на одбрана. Во изминатите 8 месеци се прекршија сите принципи на владеењето на правото и дрмократијата. Недозволиво е во земја аспирант за влез во ЕУ и НАТО да има политички затвореници кои се уште немаат фер услови за докажување на вистината. 

Само во африкански диктатури се казнува и затвара без докази и треба да се докажува невиноста, наместо обратно. Судовите, оваа влада предводена од СДСМ ги претвори во обични егзекутори на политичкото самоволие. Институциите се создадени за да служат на сите подеднакво и да одлучуваат врз претходно определени принципи за работа. 

Не смее да има двојни аршини кога се работи за луѓе блиски на власта или на тие што ја критикуваат. Не смее за пратеници од листата на владеачката партија да бидат  повлечени обвинувањата за уништување на државен имот, а во притвор да се држат патриоти чиј единствен грев е што си ја сакаат својата татковина. 

Мерката притвор се злоупотребува како казна за тие што се спротиставуваат на деструктивната и расипничка влада на СДСМ. Со тоа се прави обид да се замолчат сите кои не се согласуваат или и стојат на патот на недемократската власт. 

Судиите мора да покажат интегритет и несмеат да потпаѓаат под притисок на политички моќници кои кога тогаш ќе бидат симнати од власт. Судот и сите останати институции мора да работат исклучиво во интерес на граѓаните и согласно законот. По промената на власта сите пресуди и одлуки може да биат преиспитани“, се наведува во партиското соопштение.


Слично

Поврзани вести