ВМРО-ДПМНЕ откри кога ќе ги каже имињата на кандидатите за претседател на Македонија
Од денеска затворен е партискиот оглас на кој ќе може да аплицираат кандидати за номинација за кандидат за претседател на Македонија на претстојните избори преку ВМРО-ДПМНЕ.
Не подоцна од 5 февруари, ќе се знае кој ќе се натпреварува за претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ по истекот на крајниот рок за поднесување кандидатури минатата ноќ.
Засега е познато дека аплицирале Влатко Ѓорчев и Филип Петровски, а од најголемата опозициска партија веќе соопштија дека пред овие двајца имало уште една кандидатура на засега непознат поднесувач. Тоа значи дека има најмалку тројца кандидати.
Кој ќе биде номиниран од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде познато на конвенцијата на 16 февруари со гласање на 550 делегати.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објави дека неговата партија нема да ги бојкотира претседателските избори дури и ако нивното барање за предвремени парламентарни избори не биде прифатено.
