Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: ОТА го набавила контроверзниот „Предатор“ за следење на интернет комуникација

ВМРО-ДПМНЕ: ОТА го набавила контроверзниот „Предатор“ за следење на интернет комуникација

ВМРО-ДПМНЕ реагира дека Оператовно-техничката агенција  набавила шпионски софтвер за следење на интернет комуникација на граѓаните, наречен Предатор. 

Овој контроверзен софтвер е набавен пред извесно време, спротивно на законската рамка и со него може да се следат комуникациите на сите граѓани, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Внимавајте, со овој софтвер може да се следи секоја интернет комуникација на секој еден граѓанин во Македонија и истиот може да биде злоупотребен за политички цели на власта.

Овој софтвер е проблематичен и за НАТО, а во Грција веќе изби  скандал дека со истиот биле следени политичари и јавни личности. Јавното овинителство за оваа афета беше информирано уште пред неколку недели, но реакција и акција од нивна страна нема никаква“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека не очекуваат од Обвинителството и судската власт да покренат истрага бидејќи, како што велат од опозициската партија, институциите се партизирани и дека порано или покасно за ова ќе има истрага и одговорност.

Слично

Поврзани вести