ВМРО ДПМНЕ со остри критики: Наместо 420 милиони евра, клинички центар може да се изгради за околу 120 милиони евра
Веста за цената на проектот за изградба на клиничкиот центар ја распламти опозицијата која потоа излезе со соопштение и со свое мислење за тоа.
„Министерот за здравство, Венко Филипче денес бесрамно кажа дека ќе потроши 300 милиони евра повеќе отколку предвиденото со договорот за изградба на клиничкиот центар на владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев и Венко Филипче расипнички се однесуваат со парите на граѓаните.
Заев и Филипче мора да одговорат која е потребата да се потрошат 300 милиони евра повеќе од потребното.
Власта треба да одговори зошто е потребно граѓаните на Република Македонија да платат отштета за раскинување на веќе готов договор за градба на клинички кој е поефиктивен и побрз.
Ова е уште еден доказ дека власта не работи во полза на граѓаните. Наместо неосновано трошење на повеќе од 300 милиони евра власта може со тие пари да изгради уште три клиники низ државата и истите целосно да ги опреми.
Филипче најави дека изградбата на клинички ќе се одвивала околу седум години, пет години повеќе отколку планираната изградба на клиничкиот центар според проектот на владата на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ ќе ги остави граѓаните пет години години повеќе без современ клинички центар. Власта нема ниту еден разумен аргумент за трошењето на 420 милиони евра во услови кога истиот може да се изгради за околу 120 милиони евра“, се вели во соопштението.
