ВМРО-ДПМНЕ официјално ги објави последните осум кандидати за градоначалници
ВМРО-ДПМНЕ ги објави последните осум кандидати за градоначалници за локалните избори во октомври, за кои од најголемата опозициска партија велат дека се нов бран на некомпромитирани имиња.
- ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Извршниот и Централниот комитет донесе одлука за повеќе кандидати за градоначалници на општините. Се водевме од принципите за чесност, транспаретност, работливост и согласно со мислењето на членството и граѓаните, објави партијата.
Листата од осум кандидати:
- Аеродром, Тимчо Муцунски, доцент на Правниот факултет „Јустинијан први”, актуелен пратеник во Собранието и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ,
- Карпош, Оливер Зафировски, специјалист педијатар, пулмоалерголог,
- Битола, Тони Коњановски, специјалист епидемиолог и советник во Советот на општина Битола
- Струмица, Жан Дрвошанов, економист
- Кичево, Александар Јовановски, доктор
- Крива Паланка, Александар Рангелов, поранешниот директор на Центарот за култура
- Старо Нагоричане, Велибор Денковски, филолог
- Долнени, Ладо Глигороски, земјоделец
