ВМРО-ДПМНЕ одлучи кога и како ќе го одбере кандидатот за претседател на Македонија
ВМРО-ДПМНЕ на денешниот состанок на раководството во Прилеп одлучи кандидатот за претседател на Македонија да го одбере на партиската конвенција на 16 февруари.
Претходно, опозициската партија ќе објави оглас за апликација на кандидатите кој ќе трае десетина дена.
- Потоа ќе имаме состанок со сите кандидати. Тие ќе одат низ општинските комитети и ќе се сретнуваат со граѓаните. Ќе треба да ја образложат својата визија како потенцијални претседатели по што ние ќе одлучиме кого ќе избереме - рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов му истекува вториот мандат, а следните претседателски избори треба да се одржат во мај следната година.
Слично
