Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ одлучи да оди со нов кандидат во Прилеп - пратеникот Дејан Проданоски

ВМРО-ДПМНЕ одлучи да оди со нов кандидат во Прилеп - пратеникот Дејан Проданоски

Синоќа ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се избраа неколку кандидати за градоначалници, а меѓудругото одлучено е на локалните избори во Прилеп да се оди со Дејан Проданоски. 

Актуелен градооначалник на Прилеп е Борче Јовчески од редовите на актуелната владејачка партија, додека Проданоски е актуелен пратеник во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ одлучи во Кичево повторно да оди со докторот Александар Јовановски.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги избра следните кандидати за градоначалници: за Сопиште – Јане Мицевски, за Кичево – Александар Јовановски, за Крива Паланка – Оливер Алексовски, за Маврово Ростуше – Онер Јакуповски, за Кривогаштани – Сашо Граорковски, за Шуто Оризари – Ерџан Демир, за Крушево- Нико Чонески, за Валандово – Ѓоко Камчев, за Виница – Митко Костадиновски, за Демир Хисар- Никола Најдовски, за Чешиново-Облешево – Јордан Костадинов, за Радовиш – Љупчо Почивалец, за Чашка – Дејан Андоновски, за Прилеп – Дејан Проданоски, за Струмица -Петар Јанков, за Неготино- Марија Нацева.

Во Куманово и Центар ќе се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложни од коалициската партија ЗНАМ.



Слично

Поврзани вести