ВМРО-ДПМНЕ одбира помеѓу Лилиќ и Стојановски за кандидат за градоначалник на Аеродром
ВМРО-ДПМНЕ одбира помеѓу актерот Дејан Лилиќ или спортскиот коментатор Тони Стојановски за кандидат за градоначалник на Аеродром на локалните избори, неофицијално дознава Прес 24.
Аеродром е една од последните општини во кои ВМРО-ДПМНЕ нема излезено со свој кандидат. Двајцата кандидати не се директни партиски активисти.
Тони Стојановски е коментатор на Македонската Телевизија и уредник во спортската редакција, додека Дејан Лилиќ е познат македонски актер кој веќе има извршувано раководни функции како прв човек на МНТ.
ВМРО-ДПМНЕ до сабота мора да ги пријави своите преостанати кандидати за претстојните избори.
Слично
