Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ од марш на Извршен комитет

ВМРО-ДПМНЕ од марш на Извршен комитет

Вечерва се одржува седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а членовите на раководството се собраа во „Белата палата“ по маршот кој опозицијата го нарече за правдината и татковината.

Според штурите партиски лиферувани информации на вечерашната седника на ИК главна тема нема да биде најавената оставка на Никола Груевски туку поважни проблеми со кои сега се соочува партијата, а можно е да биде донесена одлука за напуштање на Собранието или во најмала рака бојкотирање на реформите од планот 3-6-9 кој Владата го вети за побрзи евроинтеграции.

ВМРО-ДПМНЕ под водство на Груевски тврди дека изречените притвори за 36 лица осомничени за учество во насилствата на 27 април во Собранието биле резултат на политички реваншизам и немаат доверба во правосудните институции за кои тврдат дека се под силен притисок на новата власт на Заев.

Слично

Поврзани вести