Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ очекува органите да реагираат за антидржавното однесување на Мухиќ, Мисовски и други пратеници

ВМРО-ДПМНЕ очекува органите да реагираат за антидржавното однесување на Мухиќ, Мисовски и други пратеници

Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат дека по изречената пресуда од судот за лицата кои учествувале во физичко насилство во Собранието на РМ во текот на вечерта на 27 април, правосудните органи ќе изречат соодветни пресуди и за лицата кои беа одговорни за политичкото насилство и флагрантно кршење на Уставот, Деловникот и законот во собраниската сала.

Очекуваат надлежните органи да реагираат по незаконското, антиделовничкото и антидржавното однесување на Ферид Мухиќ, Горан Мисовски и други пратеници кои спротивно на Уставот, законите и Деловникот избраа во нелегална постапка нелегитимен претседател на Собранието, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Нападот на Собранието се случи одвнатре со кршење на најмалку 3 члена на Уставот на Република Македонија, најмалку 27 члена од Деловникот за работа на Собранието и кршење на законот за Собрание. Се што се случи потоа е последица на овој обид за државен удар од страна на Тиранската коалиција на чело со СДС“ - изјави на денешната прес-конференција, Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Данев вели дека политичкото насилство во Собранието, пеењето химни на туѓи држави и насилничкиот избор на нелегален претседател на Собранието се причините да се создадат револт и гнев кај граѓаните кои 60 дена претходно мирно протестирале против лицитирањето со државните и националните интереси.

Слично

Поврзани вести