Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ уценува советничка во Гази Баба, СДСМ негира

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ уценува советничка во Гази Баба, СДСМ негира

Лица од СДС уценувале советничка да гласа за нивната партија во Советот на општина Гази Баба, изјави Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Вршен е непосреден и дрзок притисок на советници, имајќи го предвид тесното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да го поддржат СДС за да може да формираат мнозинство во Советот спротивно на изразената волја на граѓаните дадена на избори. Имено додека траеше конститутивната седница посетен е домот на советник на ВМРО-ДПМНЕ од непознати лица при што на родителите им билА испратена директна закана, цитирам: ‘Ако гласа за СДС да го добие Советот ќе добие убаво работно место и ќе биде богато награден. Во спротивно, ако не гласа за СДС крв ќе падне и молотови коктели’. Фрапантно, до таму стигнаа, наместо проекти и дела, СДС сака да владее со молотови коктели и страв“- рече Бојковски.

Тој вели дека случајот е пријавен во полиција и ги повика институциите да го расветлат во најбрз можен рок.

СДСМ реагира на денешната прес-конференција на Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Апсурдно е ВМРО-ДПМНЕ да пласира лажни вести за наводни притисоци кон граѓаните или советниците, кога уцените, заканите, притисоците и насилството кон граѓаните се одлика и познат метод на функционирање исклучиво на ВМРО-ДПМНЕ. Токму поради таквиот начин на владеење ВМРО-ДПМНЕ беше казнета на последните локални избори.Лажна е веста дека СДСМ или нејзини членови се заканувале кон советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба. Тоа не е точно“ - велат од СДСМ. 

Додаваат дека партијата ја почитува изборната волја на граѓаните, ги поддржува и промовира демократските вредности како врвен интерес на граѓаните.

Слично

Поврзани вести