ВМРО-ДПМНЕ: Обновата има 109.670 гласови, Можеме 99.447
ВМРО-ДПМНЕ имаат податоци за резултати по изборни единици од досега обработени податоци. Ги објавува телевизијата Сител.
Според досега обработените резултати од денешното гласање, во големо водство е ВМРО-ДПМНЕ. Партијата има освоено 109.670 гласови. СДСМ освоила 99.447 гласови. Од 37 отсто преброени гласови ДУИ има освоено 25.148 гласови, додека Алијанса за Албанците 19.599 гласови.
Изборна единица 1, обработени 12,4 проценти - Обнова за Македонија 78.900 гласови, Можеме 134.567 гласови
Изборна единица 2, обработени 35,52 проценти - Обнова за Македонија - 21.701 гласови, Можеме - 15.954 гласови.
За изборните единици 3,4 и 5 немаше детали
Изборна единица 6, обработени 8,3 отсто - Обнова за Македонија - 4.726 Можеме - 5.224
