Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ објави видео од демолирана кафана, сторителот бил близок со Љупчо Николовски

ВМРО-ДПМНЕ објави видео од демолирана кафана, сторителот бил близок со Љупчо Николовски

ВМРО-ДПМНЕ објави видео од демолирана кафеана во Крива Паланка, а портпаролот Димче Арсовски тврди дека сторителот е Иван Георгиевски, близок пријател на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, поранешен вицепремиер за борба против корупција.

„Власта на СДСМ штити, а со тоа и дозволува локални насилници да тероризираат граѓани. Денес ќе ви презентираме видео кое покажува како локалните шерифи на СДСМ демолираат кафеана во Крива Паланка.Дали ова личи на нормална држава? Нормално дека не личи на нормална држава, личи на Заевистан“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Гласноговорникот не споменува конкретно за кој угостителски објект станува збор, но дека инцидентот се случил на 24 јануари.

„За тоа постои и полициска белешка во билтенот, но од тогаш навака ниту се постапува по случајот, ниту лицето на било каков начин е санкционирано. Дали и што се постапува по овој случај? Дали Љупчо Николовски го заштитил својот пајташ и насилник? Ова лице има фотографии со Оливер Спасовски и Зоран Заев, што остава сомнеж дека власта на заевизмот го заштитува“, тврди Арсовски.


Слично

Поврзани вести