Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ објави фотографија од скршена двојазична табла

ВМРО-ДПМНЕ објави фотографија од скршена двојазична табла

Продолжува низата на кршење на двојазични табли пред подрачните државни институции од внатрешноста на земјата, а овој пат настрада онаа на  Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп.

Откако Зоран Заев синоќа во телевизискиот дуел со лидерот на опозицијата Христијан Мицковски изјави дека не било добро обмислено ставањето на двојазични знаци во општините каде нема соодветна застапеност на процентот на албанското население, денес во Прилеп настрада една од таквите.

„Граѓаните се налутени од понижувањето на владата и го демонстрираат својот револт, а за тоа е виновен само Заев“, напиша Извршниот комитет на прилепскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ на својата Фејсбук страница.


Слично

Поврзани вести