Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае законот и најави кривична за Џафери

ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае законот и најави кривична за Џафери

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес - конференција изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка пред Уставниот суд за денеска донесениот Закон за употреба на јазиците.

Тој рече дека денеска имавме флагрантно кршење на Уставот.

„Денес СДСМ и Заев ја поништија волјата на граѓаните. Од оваа одлука никој нема да живее подобро. Само затоа што две партии се договориле, изгласаа неуставен и штетен закон. Ваквиот чекор е удар врз соживотот, некој свесно не турнува во сценарио во кое влогот е Македонија. Власта претходно ги одби и остана нема на нашите молби да не се донесе овој Закон, ги одби нашите предлози да се разговара и да се исправат спорните точки од законот. Очигледно концесијата е поголема од значењето. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат поради кржење на Уставот и Законите. ВМРО-ДПМНЕ овој закон нема да го признае и ќе поднесе претствака до Уставниот суд“ - вели Мицкоски. 

Кога ова безредие ќе заврши многу работи ќе бидат поинакви, рече Мицкоски.  Тој вели дека злосторниците ќе бидат казнети, а ВМРО-ДПМНЕ останува да биде гласот на народот. 

Слично

Поврзани вести