ВМРО-ДПМНЕ нема да го признаe референдумот кој не е задолжителен
Референдум кој не е задолжителен ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае како волја на народот, изјави претседателот Христијан Мицкоски во интервју за Алсат М вечерва.
„Ние немаме можност конвенционално да одговараме на вашите прашања и да правиме стратегии бидејќи имаме работа со луѓе кои на дневна основа ги менуваат своите ставови. Доколку референдумот биде обврзувачки, бидејќи треба да излезат 50 проценти плус еден од избирачите и тиеда гласаат за или против и тогаш резултатот сите ќе треба да го почитуваме, не само ВМРО-ДПМНЕ, но тој најпрвин треба да биде демократски“- вели Мицкоски.
Не можам да го прифатам договорот за името како решение за проблемот, додава Мицкоски.
Додаде дека нашата преговарачка екипа предводена од премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров прифати обврски кои што во Парламентот ќе се гласаат со просто мнозинство, а кои всушност треба да бидат направени со двотретинско мнозинство.
