„Бучковски како политичар нема кредибилитет во Република Македонија, во пошироката јавност. Можеби е близок со Заев и ужива кредибилитет кај премиерот и можеби може да биде специјален претставник на премиерот, но јас не би го сметал за специјален претставник на Македонија. И затоа по оној совет што беше даден од претседателот Пендаровски дека Бучковски ќе направи посета кај сите политички партии за да ги брифира, уште од сега може да најавам дека Бучковски не би бил добредојден во ВМРО-ДПМНЕ да нѐ брифира, бидејќи не го сметаме за легитимен претставник на државата“, изјави Милошоски во вчерашното гостување на Тв Сител.
Наместо тоа, поранешниот МНР смета дека за посетата на Бучковски треба да реферираат премиерот, претседател, министер за надворешни работи, или вицепремиерот за евоинтеграции пред македонското Собрание.
„Владата и министрите треба да бидат одговорни пред Собранието. Мене не ми треба да ме информира другарот на Заев, Бучковски да дојде во нашата партија и да даде информации. Нас ни треба владата да дојде во собрание“, додаде Милошоски.
