ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае попишаните со одјавено живеалиште
ВМРО-ДПМНЕ на пописот што ќе се спроведе во септември нема да ги признае регистрираните со одјавено Живеалиште повече од 12 месеци, потврди претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
- Нема жива сила што ќе ме натера мене и ВМРО-ДПМНЕ да го признаеме пописот на нерезидентното население, што инаку се коси со методолигијата на ЕВРОСТАТ. Во креирањето на 11 милијарди евра што го остваруваме како Бруто домашниот производ учествува само резидентното население, иселените креираат друг национален БДП, рече Мицкоски.
Според мицкоски, тие што го одјавиле местото на живеење во Македонија треба да бидат попишани во државата каде што се наоѓаат.
- Тие не можат два пати да се попишат. Тоа е обид за злоупотреба на чувствата на Албанците. Се знае што е времено отсутен, што е отселен. Тој што живее во Германија, се попишува таму како Македонец ако е отселен повеќе од 12 месеци. Завршена е приказната за тоа, вели Мицкоски.
