Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да бидеме изговор за втурнувањето на државата во ќорсокак

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да бидеме изговор за втурнувањето на државата во ќорсокак

Oд ВМРО-ДПМНЕ одговараат дека ниту едно алиби соопштение на СДСМ нема да го покријат или оправдаат капитулантското дело на Зоран Заев изразено преку штетниот договор со Грција. 

Велат дека ВМРО-ДПМНЕ единствено одговара пред граѓаните на Република Македонија и се води согласно нивните интереси. 

„СДСМ и Зоран Заев треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да биде изговор за втурнувањето на државата во ќорсокакот во кој сега се наоѓаме како земја и за економската и општествена катастрофа во која се наоѓаме. Совршено јасно е дека Зоран Заев не може да донесе европска иднина на државата, затоа што европска иднина нема со криминал корупција наместени тендери, политички процеси“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму со став дека „Нема иднина со корупција констатирана од ЕУ и мултиплицирана сиромаштија. Единствено што направи оваа клептоманска владејачка структура е осиромашување на државата и народот и поигрување со достоинството и честа на граѓаните“.

Слично

Поврзани вести